Фотографиите се најголемиот спомен што можеме да го имаме. Тие сведочат за нашите убави мигови, ја сочувуваат нашаа младост. Многу пати фотографиите знаат да не потсетат на нешто што сме го заборавиле, притоа враќајќи ни убави спомени.
Истото го направи и Весна Бејби Петрушевска, која на својот Фејсбук профил објави фотографија од далечната 1980 година, каде што се гледа таа на плажа со своето семејство.
Вака се сликаше во 1980 година после плажа.Строго во два реда, јас сум тоа девојчето крајно десно, сестра ми до мене природно, долу мама, горе до Маја тато, напиша актерката во објавата.
етрушевска ја започнала својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“. Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна.
Во ноември 2016 година била издадена првата книга на Весна Петрушевска, автобиографската книга „Трофеј“, од страна на издавачкиот центар „Три“. Промоцијата на книгата била оддржана на 9 ноември 2016 во хотелот „Парк резиденс“ во Скопје. Издавачкиот центар Три ја опишал книгата како: „неверојатно искрена и трогателна исповед преку која Весна ќе ја запознаеме во различни аспекти на нејзината личност од минатото и сегашноста: како машкуданесто девојче, како актерка по вокација, која никогаш нема да се пензионира, ТВ-водителка, стендап-комичарка, ќерка и сестра, дваесет и четиричасовна мајка и пријателка, домаќинка…“
„Но, пред сè, како човек со големо срце“.
Таа има две деца. Син Кирил, и ќерка, Мина. Таа исто така има 4 миленичиња.