Неверојатна приказна за сите татковци кои имаат ќерки …
Млад брачен пар решил да помине еден ден во тоатлна изолација. Двајцата се договориле да не отвораат никому и да не се јавуваат на телефонот, со цел да си посветат еден ден исклучиво на себе и своите страсти. Утрото ги разбудило ѕвончето, а низ шпионка виделе дека на вратата ѕвонат родителите на мажот.
-Не отвораме! – се договориле едногласно.
Родителите завонеле неколку пати и потоа си заминале.
По неколку среќни часа повторно заѕвонело ѕвончето на вратата. Погледнале, а овој пат на нивниот праг стоеле родителите на жената. Тие повторно решиле да не ја отвораат вратата, но жената се расплакала кога го видела тажниот израз на нејзините родители, и мажот не успеал да ги понесе нејзините солзи, па отклучил.
Семејството имало среќен живот. Им се родиле 4 сина, а петтото дете било ќерка. Мажот направил невидена гозба и бил посреќен од било кога.
„Зошто се радуваш толку многу ? Ти не беше толку среќен дури ни на раѓањето на нашиот прв син“, го запрашала сопругата.
Тој, насмеан и одговорил:
„Денес се роди таа која ќе ми ја отклучи вратата, кога ќе заѕвонам!“