Ова писмо беше вирално пред некое време, а деновиве повторно го сретнавме на социјалните мрежи.
„Мои дами,
Запомнете дека слојот прашина го штити дрвото кое се наоѓа под него. Куќата станува дом, кога на мебелот ќе можете да напишете „те сакам”.
Имав навика секој викенд да поминам барем осум часа чистејќи, бидејќи сакав се да биде совршено, во случај некој да не сака да дојде кај мене.
Конечно еден ден сфатив дека никој не дојде, сите беа некаде надвор, живеејќи го животот и забавувајќи се.
Денес, кога луѓето ме посетуваат, не морам да им ја појаснувам состојбата на мојот дом, сите се воглавно заинтересирани за работите кои сум ги правела или ги правам додека живеам и се забавувам.
Доколку тоа се уште сами не сте го сфатиле, ве молам послушаајте го овој совет: Животот е скапоцен. Уживајте го! Чистете колку што морате…
Зарем не би било подобро да насликате слика, да напишете писмо, да испечете колачи или да посадите цвеќе. Научете ја разликата меѓу сакам и морам!
Чистете колку што морате… но немате премногу време… за реките кои можете да ги препливате, планините, на кои можете да се качите, музиката, која сакате да ја чуете, пријателствата, кои сакате да ги задржите и животот, кој сакате да го живеете.“