Ивона Талевска ги врати парите и на државна сметка го уплати целиот износ од пресудата што и ја изрече судот за криење данок во случајот Тифани, потврдија од кривичниот суд за Макфакс.
Според обвинението, Талевска како претставник на фирмата Смарт без ниту еден вработен успеала да сврти милионски суми во изминативе 6 години, а прикажувала дека за потребите на фирмата купувала скапа долна облека, козметика, велосипеди, мобилни телефони, хотели, лизинг и сл. Осудената на овој начин ја намалувала основицата за пресметка на данок на добивка прикажувајќи расходи кои не биле направени за вршење на дејност на правните лице.
Талевска требаше да врати над 27 илјади евра за затаен данок од 6 години. Откако и уплати парите судот и го врати пасошот кои и беше одземен како мерка за претпазливост па така сега доколку сака може слободно да ја напушти државата.