Stars

Нина Јанева распали по своите колеги поради референдумот: „Мене да ми понудеа 3-4000 евра никогаш немаше да си го продадам името и крвта“

На јутјуб-каналот деновиве беше промовирана песната за поддршка на Референдумот, а во спотот македонските пејачи и актери порачуваат дека е време за мудар избор и вистинска одлука.

Непосредно по излегувањето на видеото, Нина Јанева пак преку Фејсбук статус им порача на своите колеги дека се продадени души затоа што прифатиле да пеат за оваа кампања.

„Го изгледав спотов на овие ретардираниве властодржци. Тука гледам неколку мачиња што со “режимот” беа братче знаеш, шемите, белото, дискотеките, шуш буш. После чув дека биле репресирани од истиот. Ете ги истите цицаат и од овие профитериве. Колеги драги: за жал, ми е срам да Ве наречам колеги денеска. Ама па од друга страна и мене да ми понудеа 3-4000 евра никогаш немаше да си го продадам името и крвта. Браво мачиња, штотуку ги е*авте сите музичари што со векови ја пееле традиционалната македонска песна, на кои вие мачиња сите до еден имате примено хонорарчиња од “режимот” кога ги преработувавте сите за едицијата на Агенција за млади и спорт. Браво мачиња, дотерани сте, скоцкани и многу убаво изгледате додека ги кењате Васка Илиева, Вања Лазарова, Војо Стојановски, Сариевски, Јонче Христовски… Браво мачиња. Браво мачиња што сте ја претставувале државава надвор од нејзините граници, ама очигледно друго било работава. На крај откако ви платија, ве шљакнаа по газето? Ви рекоа Ал кол ју? Пу!!!, стои во постот на пејачката.“

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close