Уште од мали нозе учиме дека изневерувањето не е морално, дека е неправедно и дека не ѝ доликува на една зрела и паметна личност.
Но, како што растеме, некои од нас го прифаќаат како нешто сосема нормално. Тоа ѝ се случило и на оваа девојка која ги раскажува своите животни искуства. Не дека ги оправдува сите оние кои изневеруваат, но сепак, смета дека постои и една светла точка од сето тоа. Еве ја нејзината приказна од која можеби и вие ќе извлечете некои важни животни лекции.
Првото момче кое го изневерив воедно беше и моето прво вистинско момче. Ми беше најдобар пријател и знаеше како да ме насмее. После осум месеци врска, случајно запознав едно високо плаво момче. Тогаш прв пат видов како изгледа да сакаш нешто што неможеш да го имаш. Чувствата кон моето момче уште претходно почнаа да исчезнуваат, па немав преголемо чувство на вина кога излегов со другиот. Уште на половина филм бевме еден врз друг. После киното се видовме уште еднаш кај мене. Не ми се допаѓаше тоа што го направив. Првата последица која ќе ја почувствувате после неверството е тоа дека ќе морате да го прифатите фактот дека не треба да се чувствувате лошо после тоа. Доколку некогаш сте имале чувство дека нешто не е во ред со вашата врска, работите ќе ви бидат многу појасни после неверството.
13 години постар од мене и се сакавме. Меѓутоа, на работа се појави прилично интересен и духовит колега. Беше познат по тоа што ја изневерува својата девојка. Многу флертувавме, а една вечер дозволив алкохолот да ја превземе контролата, и завршивме кај него.
Сепак, во клучниот момент се разбуди разумот и сфатив дека не можам да одам до крај бидејќи и двајцата сме во врска. Следните неколку дена имав огромно чувство на вина и не можев да поверувам дека толку малку фалеше да ја уништам прекрасната врска што ја имав. Втората последица на изневерувањето е презирот кон самата себе. Ако ништо друго, може да ви помогне да сфатите дека навистина сакате да бидете со личноста со која што сте .
Трет пат кога изневерив, јас бев таа со која некој изневеруваше. Повторно почнав да се дружам со момчето кое ми се допаѓаше уште кога бев во гимназија. Бевме многу блиски и се почна кога една вечер тој ги откри неговите чувства кон мене. Тој беше во врска со мојата пријателка и истиот момент се почувствував ужасно. Мислев дека не сум достојна за нејзината доверба. Сепак, имавме односи. Третата последица на неверството е чувството кое ве тера да се чувствувате како да сте најлошата личност на светот. Кога ги лажете луѓето во лице, се криете и изневерувате од ден за ден – ќе забележите дека се наоѓате во прилично тажно место. Го допрев дното. На самиот крај, изневерувањето повеќе ќе ве повреди вас отколку луѓето што ги изневерувате.
За крај девојката заклучува дека изневерувањето ѝ покажало кога да остане, а кога да замине од врската. На овие начини таа научила што е навистина важно, а притоа ја сфатила својата лоша страна. Сепак, на крај излегува дека некои важни животни лекции треба да се сфатат на погрешниот начин, но важно е да се извлече поука од сето тоа.