Stars

И бремена во костим за капење изгледа како милион долари – Александра Пријовиќ објави нови провокативни фотографии

Познатата пејачка повторно во жешко издание на Инстаграм

Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ пред три месеци направија гламурозна свадба, а во моментов се одмараат на Јамајка. Тие од егзотичниот остров објавија неколку фотографии на кои и двајцата позираат разголени во костими за капење.

Популарната пејачка е бремена, но се уште е рано да се види трудничкото стомаче. На фотографијата што Филип ја објави на Инстаграм , Александра позира во едноделен розов костим за капење и тренди шешир во слична нијанса, а друштво и прави сопругот Филип кој исто така позира во костим за капење, а фотографијата ја опиша како „Една љубов“.

Инаку, Филип редовно го полни профилот со фотографии и не крие колку е заљубен во својата сопруга која во март следната година треба да му роди син.

Фото: Инстаграм

Погледнете уште неколку фотографии на кои Александра е во костими за капење и ужива во убавините на Јамајка.

Александра Пријовиќ, Инстаграм

 

Александра Пријовиќ, Инстаграм

 

Александра Пријовиќ, Инстаграм

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close