Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември, Свети пророк Захариј и праведна Елисавета, Празник на родителите на Свети Јован Крстител.
Се верува дека на денешен ден родителите кои не ги крстеле своите деца треба да го сторат тоа или барем да го објават датумот на кој ќе ги крштеваат. А оние кои немаат рожба, би требало да се помолат и да не губат надеж.
Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички беше – погубен од Иродовите војници покрај олтарот.