Stars

И ќерката на Зоран Заев не може да им одолее на овие панталони

Овие панталони се хит во целиот свет

Во прашање се панталони кои потсетуваат на тренерки и кои се вистински хит меѓу најпознатите светски трендсетерки. Имено, панталоните со странични линии кои потсетуваат на тренерки се хит веќе неколку сезони и можете да ги носите со високи потпетици или патики. Главната предност на овие панталони се крие во нивниот опуштен стил, но и во страничните линии со кои ќе сокриете неколку килограми.

Што се однесува до ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, од нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи можеме да забележиме дека го „фураше“ овој тренд додека ја разгледуваше Будимпешта. Таа овие панталони ги носеше со уште еден тренд –бели патики од Адидас, а целото издание го заокружи со нејзината убава пуштена коса и темни очила за сонце.

Инаку, интересот за приватниот живот на Александра постојано расте, особено откако нејзиниот татко стана премиер, па така таа секојдневно добива нови пријатели на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close