Лепа Брена не ги крие емоциите кога зборува за нејзината снаа која следната година треба да се породи и да го донесе нивното прво внуче во домот.
На прашањето кој се променил повеќе Александра или Филип откако двајцата дознаа дека ќе станат родители, познатата пејачка одговори дека Филип од секогаш бил поразумен. Таа додаде и дека среќната вест ја дознале од нејзиниот сопруг, Боба, и кога тој им соопштил сите плачеле.
„Еве и сега кога зборувам за ова ми доаѓаат солзи на очите и ми иде да заплачам. Тоа се неконтролирани емоции, јас не знам како ќе го дочекам март да се породи Александра“, вели Брена.