Колинда повторно во центарот на вниманието …
Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, на својата официјална страна на Фејсбук објави фотографија со нејзините родители, Бранка и Дубравка Грабар.
И само неколку часа по објавата фотографијата на која претседателката е со своите родители доби 10-илјади лајкови, а под неа се множеа бројни коментари/ Таа под фотографијата напиша: „Ти благодарам мамо, Ти благодарам, тато!“
„Убаво е што можеме да те видиме со родителите“, напиша една корисничка на социјалните мрежи.
„Драга кралице на Хрватите, среќен роденден, а на вашите драги родители многу, многу големо благодарам што ни го подарија најубавото суштество на хрватскиот народ“, напиша друга.