Цеца Ражнатовиќ вчера настапи во Минхен и ги воодушеви сите како со својот глас, така и со својот изглед
Цеца за оваа пригода избра костум, а длабокото деколте беше во центарот на вниманието и никого не остави рамнодушен. Но она што многумина забележаа е тоа дека Цеца има нова фризура, односно дека фризерот и направи надградба на косата и благи витканици, додека бојата е нешто посветла.
Имено, Цеца се уште е бринета, но својата коса ја посветли и својот нов имиџ го сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи.
Под фотографијата што ја објави добиваше само позитивни коментари на нејзина сметка, од кои е очигледно дека сите се воодушевени.