Stars

После прстенот од 100.000 евра, ја прекинаа веридбата: Позната пејачка стави точка на љубовта

Во јуни оваа година парот објави дека се вери, меѓутоа…

Пејачката Аријана Гранде и комичарот Пит Дејвидсон потврдија дека ја раскинуваат веридбата затоа што за нивната врска ова не било совршеното време. Во јуни оваа година тие објавија дека се верија, а Пит за таа прилика ѝ подари на Аријана прстен вреден 100 илјади долари. Обожавателите на познатата пејачка не се изненадени поради раскинувањето, бидејќи веридбата дошла баш набрзина.

Аријана и Пет почнаа врска пред пет месеци, а се верија само месец дена после врската. Во текот на кратката врска, парот еден со друг си посветија неколку тетоважи, а посвоија и домашно милениче – прасенце. Пред Пит, пејачката била во врска со раперот Мак Милер кој почина неодамна.

Аријана Гранде и Пит Дејвидсон имаат по 24 години. Тие се познаваат од 2016 година, но се запознаваат малку откако пејачката се раздели со раперот Мек Милер во мај. Врската беше објавена во Instagram на крајот на мај, кога Пит постираше заедничка фотографија. Во еден наврат близок извор на девојката откри: „Тие се вљубија брзо и се среќни. Почнаа да зборуваат за тоа во текот на викендот“.

Пит, кој се прослави како најмладиот комичар ангажиран во шоуто Saturday Night Live, неодамна ги покажа двете тетоважи посветени на Аријана – нејзините иницијали и логото со зајачки уши. Аријана и Пит ја официјалиираа врската во мај, откако и двајцата само што излегоа од други врски.

Таа се забавуваше со раперот Мек Милер, а Пит беше во врска со Кази Дејвид, ќерката на комичарот Лари Дејвид.

Пејачката неодамна изјави дека има посттрауматски стрес од терористичкиот напад во Манчестер лани кога 22 луѓе загинаа на нејзиниот концерт и рече дека никогаш нема да може да зборува за тој настан без да се расплаче.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close