До сега беше речиси неприметна и не толку важна, но, принцезата Јуџин која вчера се омажи, била вистинска кралска бунтовница која честопати се наоѓала во центарот на скандалите. Пред неколку години нејзиното семејствотво го пратело голем секс-скандал, чии главни актери биле нејзиниот родител, принцот Ендру (58), вториот син на кралицата Елизабета и Сара Фергусон (58). Иако разведени, тие се познати по испадите од кои стравува целото кралско семејство. Сара и Ендру се познавале целиот свој живот и одрастале заедно. Од другарството се родила љубов и потоа брак. Само година дена по нивната венчавка, испливале еротски фотографии од Сара.
Трауматичното детство морало да остави некои последици на Јуџин. Така, таа со своите само 18 години е отфрлена од средното училиште затоа што била фатена во оргии со пријателите. Принцезата и нејзините 20 пријатели организирале роденденска забава во училишниот двор. После неколку чаши алкохол, екипата почнала да се разголува, а гардеробата била низ целиот двор. Принцезата била фотографирана целосно гола! Истата вечери, бидејќи фотографиите биле објавени, таа го добила прекарот „трета нимфа“ затоа што почнала да бега кога директорот на училиштетот се појавил на вратата.
Покрај секс скандалите, Јуџин е фатена и како консумира полесни дроги. На една забава таа е фотографирана со цигари во устата, чаша во раката и со распуштена облека. Единствена личност која тогаш била со неа, е нејзината сестра Беатрис. Инаку, Јуџин и Беатрис наводно се договориле да ја мразат Кејт Мидлтон и Меган Маркл. И кога сите мислеле дека принцезата се смирила и се заљубила во Џек, за кој подоцна и се вери – повторно се случи скандал. Нејзиниот избрак е фатен со гола стриптизета. Фотографиите биле толку експлицитни, што не смеело да бидат објавени во медиумите!