Кејт се врати од породилното боледување и во истиот момент ги остави сите без зборови со својот беспрекорен изглед.
Таа повторно е во својот полн сјај, а во присуство на принцот Вилијам на глобалниот самит за ментално здравје што се одржува во Лондон, ги воодушеви сите. Таа за настанот избра виолетов фустан со А крој од една од нејзините омилени дизајнерки, Емилија Виксед кој го носеше со чанта од крокодилска кожа и високи потпетици во светкава беж нијанса.
Кејт Мидлтон по породилното се врати на сите свои обврски и изгледа подобро од кога било досега, а истовремено ни покажа и одличен пример како старите модели можат да се рециклираат и да се носат повеќе пати, и тоа со стил.
Таа истиот фуста, а најверојатно и истите салонки, ги носеше и минатата година на еден настан на кој беше со целото семејство.
Преубавата виолетова нијанса и овој пат не остави без здив, а според многумина Кејт со ова издание ја засени дури и Меган Маркл која важи за миленичка од кралскиот двор на Британците.