Лукас и Соња повторно се заедно?
Српските медиуми објавија дека помеѓу Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас и неговата сопруга Соња дошло до помирување и тоа пред да ги потпишат документите за развод. Имено, и покрај тешките зборови што паднаа помеѓу нив и што таа го пријави за насилство во семејството, тие успеале да ги надминат проблемите и биле заедно на годишен одмор.
Според извор близок до пејачот и неговата сопруга, а како што пренесува српскиот Glossy, Лукас сакал да ја однесе во Турција нивната ќерка на одмор, па му бил потребен нејзиниот потпис бидејќи детето, додека судскиот процес не се заврши, останува кај неа.
Лукас затоа разговарал со Соња и таа се согласила, но откако видела дека станува збор за луксузен хотел во кој седум дена одмор чини 15 илјади евра, и дека во прашање е еден од најновите комплекси во чии рамки има аква паркови, зоолошка градина, тениски терени и прекрасни плажи, решила да ги спакува куферите и да тргне со нив.
„Одлучија да не се расправаат за да не и го расипуваат одморот на нивната ќерка, а времето и морето го направија своето, ги подгреаја страстите. Аца резервирал огромен апартман во кои покрај дневниот престој и балкон, имало и две спални соби. Сите заедно поминале прекрасни седум дена каде биле како вистинско семејство, а според нивните зборови, до смирување дошло веднаш по слетувањето во Турција, но решиле да не го кажуваат тоа на своите пријатели бидејќи сите ги советувале да не се смируваат“, вели изворот.
И сега тие двајцата повторно не се разделуваат.
Лукас по настапите оди кај Соња и неговата ќерка Викторија, или таа со ќерката доаѓа кај него, и во главно времето го минуваат заедно.
Соња се пофалила и на другарките дека тој одлично се однесувал кон неа.
„Ваков епилог никој не очекуваше, но тоа е нивна работа и нека прават што сакаат“ вели извор за медиумите.