Вчера беше Млада Месечина во Вага која може да го спои неспоивото. Направете чек на изобилието и искористете ја нејзината моќ.
Вчера, на 9 октомври, точно во 5 часот и 46 минути младата Месечина влезе во знакот на Вага и донесе неверојатен бран на позитивна енергија. Во сите во кои е скриена желбата за промена и подобар живот, оваа фаза помага да ги поставите темелите за кулата на вашите соништа, да покренете лавина од позитивни промени и да ви се остварат желбите. Но морате да знаете како исправно да посакате како младата Месечина би ве слушнала, а важно е и да го усвоите фактот дека не можат да се исполнат сите ваши надежи.
Направете Чек на изобилието
Чек на изобилието е ритуална алатка која може да ви користи за креирање на изобилие во животот. Искористете ја техниката Фенг шиу и чекот на изобилието може да ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати.
Ваквиот чек на изобилие мора да биде напишан во рок од 24 часа по младата Месечина. Не морате да верувате дека чекот ќе проработи веднаш штом ќе го напишете (иако вербата е голем импулс), но ќе бидете воодушевени од резултатот бидејќи ќе почувствувате како ви се зголемува богатството во животот.
Тоа не мора секогаш да се однесува на финансиите туку и на секоја останата дел во која ви е потребно изобилие – дом, семејство, деца, работа, учење, одмор…
Постојат традиционална техника како се пополнува чекот на изобилието по Фенг Шуи која треба да ја следиме. Ако немате тековна и чековни книшки можете да нацртате чек на парче хартија и да го пополните како вистински чек – резултатот е ист, повеќе изобилие за вас!
Како да направите чек на изобилие
Пишувањето на чекот на изобилието е ритуал со кој обезбедувате изобилие во животот. Направете го во првите 24 часа по младиот месец.
Најдобро е листата да ја составите во првите 8 часа од младата Месечина, пред Месечината да влезе во празен од. Доколку ги испуштите првите 8 часа од младата Месечина завршете го во рамките на првите 24 часа.
Земете чек од вашата книшка испечатете го или едноставно нацртајте го на хартија. Искористете ја вашата креативност додека цртате, бидејќи креативната енергија е многу силна и делува благотворно на резултатот.
Во местото за примач напишете го вашето име и презиме. Во делот каде со бројки се пишува сумата напишете ИСПЛАТЕНО. На линијата на која со букви пишува износ напишете ПОПТПОЛНО ИСПЛАТЕНО. На местото каде е потписот со уплатува напишете ЗАКОН НА ИЗОБИЛИЕТО . Не мора да ставете датум
Не треба да пишувате сума на Чекот на изобилието (не ограничувајте го универзумот да ви исплати онолку колку што ви е потребно).
Сега ставете го чекот на сигурно место и заборавете на него. Дозволете универзумот да ја преземе контролата и препуштете се.
Точно време на младата месечина до крајот на годината: 07 Ноември 17 часот и 01 минута и 07 Декември во 8 часот и 20 минути