Stars

Еве како изгледа Емина Јаховиќ по сообраќајната несреќа

Познатата пејачка вчера доживеа сообраќајна несреќа во Белград поради која заврши во болница,

Но за среќа повредите беа минорни, односно Емина заврши со неколку модринки и откако прими инфузијата замина од болницата.

„Џипот на Емина, кој го возеше нејзиниот шофер, се судри со автомобил на раскрсница, во Нов Белград. Таа беше во шок кога и се случи тоа“ – изјави за српските медиуми нејзиниот пријател и менаџер, Нинослав Продановиќ.

„Таа не сакаше веднаш да го вознемири семејството, па им јавила неколку часа по незгодата, а кога медиумите порнале да и се јавуваат одлучила да каже што и се случи и да ги поштеди од дополнителни нервози“, вели тој.

Драги пријатели, само да ве известам дека се чувствувам добро по судирот на автомобилот и дека животот не ми е во опасност како што пренесоа некои медиуми. На снимање сум во Белград, а бидејќи се уште сум во шок ќе продолжам со работата вечер. Ви благодарам за поддршката и ви испраќам многу љубов“, напиша Емина на социјалните мрежи по настанот

Таа во видео што го објави им се заблагодари на сите што се загрижени, и во исто време им покажа и како изгледа по сообраќајката.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close