И додека нам повремено ни е топло, повремено ладно, Јелена знае како да го искористи тоа и да отпатува во потоплите предели. Имено, таа неодамна на социјалните мрежи објави фотографии од Малдивите, каде што ужива со својот маж Душко и нејзините ќеркички. Се гледа дека поминува квалитетно време и дека ужива во волшебните глетки на оваа прекрасна дестинација.
Бел песок, велосипед, палми, зеленило и сонце… Се чини дека ништо друго не ѝ е потребно!
Мама Јелена одлучи да го искористи своето време со своите најмили, така што тргнаа да возат велосипед по Малдивите.
При крајот на летото балканската дива Јелена Карлеуша пред неколку дена ја посети Кина, каде нејзиниот сопруг Душко Тошиќ наскоро ќе игра за фудбалскиот клуб “Guangžou RIF”. Според домашните медиуми, Тошиќ потпишал договор за сума од 5,8 милиони евра, што ќе го добива на годишна основа. Имено, по успешните настапи, Карлеуша ги спакува куферите и отиде во Хонг Конг каде престојува во еден од најскапите хотели. Како што пишуваа медиумите, Јелена и нејзините ќерки биле сместени во апартман од 150 квадратни метри кој се наоѓа на последниот кат од хотелот, од кој се гледа неверојатен поглед.
„Јелена во договор со Душко одлучи да се одмори од настапите и обврските што ги има во Србија и странство ова лето. А како што се ближат и обврските околу новиот албум, Јелена одлучи дека сега е најдобро да се опушти и да ужива“ – открива извор близок до балканската дива и додаде дека семејството Карлеуша и Тошиќ се сместени во еден од најскапите хотели.