News

Ова е жената на Хабиб Нурмагомедов која досега НИКОЈ ја нема НИКОГАШ видено! Поради нивната религија таа НЕ смее да го покаже своето лице

Рускиот борец Хабиб Нурмагомедов се ожени во 2013 година, но досега никој освен неговото семејство не знае како изгледа неговата сопруга.

Деновиве тој е во центарот на вниманието поради скандалот што се случи на неговата последна борба кога го победи Лудиот Ирец, Конор Мекгрегор. Медиумите постојано се интересираат за него, па така сега се појавија и фотографии и видео од свадбата, но на нив никој не може да ја види неговата невеста! Имено, неговата сопруга за време на церемонијата цело време беше покриена со дебел вел на лицето, а неговата религија не дозволува својата сопруга да ја покажува во јавноста.

Дали поради тоа, или заради нешто друго, оваа жена е вистинска мистерија и сите се интересираат како таа изгледа. Никој не знае и дали борецот има деца, бидејќи приватниот живот го чува како „змија нозете“.

Еве како изгледа неговата сопруга:

Хабиб по една од најспектакуларните борби во историјата на овој спорт, откако го победи својот опасен ривал, за медиумите изјави дека во кафезот му се осветил на Ирецот заради сите гадости што ги кажа тој за него.

Му се молев на Бога само за едно – да ме остави сам во кафезот со тој кловн. тоа го барав од него секој ден, изјави Хабиб на дочекот во неговиот роден Дегестан. Тој постојано беше мета на навредите од Мекрегор и неговите членови на тимот, па по мечот рускиот борец ја изгуби контролата, ја прескокна оградата и тргна да се пресметува со провокаторите.

„Во врска со она што се случи подоцна, некои велат дека погрешив, но некои дека ја направив вистинската работа. Не можете орелот да го ограничете во кафез“, изјави непобедливиот шампион на УФЦ.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close