Stars

Од Ана Винтур и Меган Маркл, до Лила Филиповска и Боки 13 – како се облекувале познатите пред славата и парите!

Неверојатни трансформации на познатите

Тие денес можеби се главни во светот на модата но дефинитивно не можеле отсекогаш да се пофалат со својот одличен стил. Тоа најчесно можеме да го видиме преку нивните стари фотографии на кои изгледаат како потполно други личности, а овој феномен можеме да го забележиме како кај познатите светски модни икони така и кај некои наши познати фаци.

Па така во продолжение ќе ви претставиме неколку модни имиња кои денес повеќе или помалку ги диктираат трендовите, но своевремено не само што биле далеку од тоа, туку никој и не би претпоставил дека ќе станат она што се денес.

Ова дефинитивно важи и за една од највлијателните жени во светот на модата, како и за една од најпознатите дами на социјалните мрежи кај нас, а за кои поточно мислиме погледнете во продолжение.

Познатата модна уредничка на американскиот Вог денес важи за една од највлијателните жени во светот на модата.

Има крајно несекојдневен, но добар стил, но погледнете како изгледала во времето пред да застане на чело на модната Библија.

Меланија Трамп

Оваа дама денес ги диктира трендовите од Белата куќа

Но стилот на поранешната манекенка во младите години е милиони светлосни години далеку од сегашниот.

Меган Маркл

Поранешната актерка за многу кратко време стана миленичка на британската, па и светската јавност, особено поради својот префинет и секогаш одмерен стил, но што мислите дали тоа отсекогаш било баш така?

Па и таа, како и останатите на овој список порано била скарана со модата

Лила Филиповска

Денес Лила важи за една од најпознатите модни икони во Македонија, но во минатото и познатата водителка била далеку од оваа позиција. Колку далеку пресудете сами од следново нејзино издание.

Боки Јовановски

Боки денес ги носи најскапите, па и најпопуларните светски трендови, и е поприлично оригинален без разлика дали тоа ви се допаѓа или не, но пред само неколку години неговиот стил беше потполно различен, а тоа можеме да го видиме и од фотографијата на која е со Лила.

Фото: Инстаграм/ MySpace – приватна архива

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close