Stars

Еве доказ дека Ким Кардашијан го копира стилот на Јелена Карлеуша

Најпознатата светска старлета објави уше една фотографија на која носи идентична комбинација како Карлеуша

Познатата американска старлета Ким Кардашијан се прослави откако во јавноста се појави нејзиното домашно видео. Таа оваа афера дебело ја наплати и стана планетарно популарна, а потоа постојано се држи до своето правило – да ја шокира јавноста и тоа најчесто со провокативни изданија.

Покрај својот беспрекорен изглед, и чувство да „намириса“ пари, таа нема ништо друго посебно да понуди.

Од друга страна ја имаме и пејачката Јелена Карлеуша која има сличен имиџ со старлетата. Но за разлика од Ким, Карлеуша е пејачка и жена со свој став и кариера, а провокативниот стајлинг го користи заради шоубизнисот додека во приватниот живот е потполно поинаква жена.

Досега многу пати светските медиуми ги споредуваа овие две дами, особено нивните провокативни комбинации, па логично се поставува прашањето која од нив е оригиналот, а која го копира стилот на другата.

Последните фотографии го откриваат и тоа. Имено, откако Карлеуша настапи на еден концерт облечена од глава до пети во облека со американски долари како дезен, а потоа фотографија од нејзината комбинација ја објави на Инстаграм, десетина дена по неа и Кардашијан го направи истото.

Фотографијата на Јелена е од пред една недела

Еве ги и двете фотографии со датуми па пресудете сами која е оригиналот, но и на која подобро и стојат долари залепени за бујните облини.

Оваа фотографија на Ким е од пред само неколку часа

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close