Нов скандал поврзан со детските градинки во Македонија
Овој пат во центарот на вниманието е градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче. Според информациите што ги објави Фокус две негувателки се однесувале грубо кон децата казнувајќи ги со затворање во шкафче за да ги јадат бубачките. Овие зборови во редакцијата им ги кажала мајка на едно три и пол годишно девојче кое е запишано во градинката.
Таа се пожали дека нејзината ќерка била тепана од една до наставничките, кои темпераментните деца ги затворале во шкафче да ги јадат бубачките и со тоа сакале да ги исплашат. Таа испратила писмо до Министерството за труд и социјална политика и до општина Аеродром, а од вработените во градинката била убедувана дека ќе преземат мерки.
„Моето дете кое цела година спие само ноќта откако беше тепана во градинката спиеше со мене во раце не сакајќи да ми каже ништо. Утредента во разговор со психолог и преку игра со мојата ќерка дознав што се случило, вели загрижената мајка и додава дека од ригорозните педагошки мрки на наставничките детето избегало од занималната и кога учителката ја нашла, била удрена од неа, по што се исплашила и почнала да плаче, а учителката и ја затворила устата. По ова детето се исплашило и се скрило под маса, а сега не сака ни да помине покрај патеката што води кон градинката, исплашена дека мајка и ќе ја остави, раскажува мајката на девојчето во своето писмо.
Откако беше објавен текстот во Фокус каде се обелодени дека дечиња била затварани во шкафчиња во градинката Буба Мара во ново Лисиче, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, преку нејзиниот Твитер профил напиша дека ќе испрати инспекција за да го испита настанот.
Извор: Фокус