Пред да влезат во рингот и да се соочат имаше доста контроверзии помеѓу двајцата познати борци, а по борбата уште повеќе
Кабиб Нурмагомедов ја одбрани титулата на УФЦ првак во лесна категорија откако во четвртата рунда го совлада со гушење Конор Мекгрегор. На тој начин, Кабиб и во 11 меч остана несовладлив, а интересно е што и пред борбата имаше доста контроверзии помеѓу двајцата борци.
Од таборот на Мекгрегор цело време го навредуваа Нурмагомедов, односно неговото потекло и неговата вера, а тој цврсто одлучи да им врати.
И не им остана должен. Откако скоро го задуши својот противник одлучи и надвор од рингот да се соочи со Дилон Данис, човекот кој е во тимот на Мекгрегор поради кој во еден момент ја прескокна мрежата од октагонот и во целата арена настана вистински хаос.
Инаку, Нурмагомедов од мали нозе покажувал дека се разликува од останатите момчиња. Со својата сила можел да им парира и на мечките, а на јутјуб постои и едно видео на кое како мал, кога имал околу 40 килограми, се бори со мала мечка која би можела дури и да е потешка од него.
Видеото можете да го видите во продолжение.