News

Најактивната жена за легализација на канабисот во Македонија, Моника Ристеска, вчера „ноќеваше“ во полициска станица

Девојката која честопати знаеше јавно да пуши марихуана и тоа да го споделува на социјалните мрежи, Моника Ристеска или Конопова, како што сака да се претставува, синоќа преноќи во полициска станица во Автокоманда.

Моника често намерно ја провоцира полицијата, за, како што вели, да се избори за своите цели. Во овој животен пат таа не е поддржана од родителите, кои откако ѝ пронашле саксии марихуана и откриле дека истата ја консумира, ја избркале од родната куќа.  Во едно интервју Моника раскажува: „Тогаш знаев дека сум во право. Решив да чекам неколку години, можеби ќе го сменат мислењето. Но, поминаа многу години, тие останаа на истиот став. Јас ѝ кажав на мајка ми ‘Цел свет ќе дознае и ќе ми признае дека сум во право, а вие можеби и тогаш нема да ми признаете, но не морате.“

„Зад мене стои Бог и ангелите ми помагаат, не ми треба вашата помош’. Беше премногу тешко, особено за девојка, да остане буквално сама на улица. Во тие моменти многу се молев и не престанав да верувам дека ќе излезам на прав пат“

Таа цврсто стои на ставот дека секое консумирање канабис е медицински и дека не може да е поинаку ако не се користи во индустриски цели. За себе вели дека го користи како крем, ѝ ја разубавува кожата, се бори против брчките, црвенилото, акните, но и дека ѝ помага за подобар сон. Прв пат пробала марихуана на 16 години, при што набргу потоа била уапсена зашто за прославата на својот роденден кај неа било пронајдено одредено количество марихуана.

Откако вчера беше направен претрес во нејзиниот дом, таа беше лишена од слобода, а денес околу пладне треба да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close