Денес важи за една од најпознатите млади дами во регионот
Анастасија Ражнатовиќ својата убавина ја наследила од својата мајка, па може да се пофали со својата витка линија поради што често ја ангажираат во модни кампањи како подобро би го презентирале својот бренд.
Сепак, Анастасија не изгледала отсекогаш така, туку во младоста и таа беше загрижена за килограмите, а пред неколку години имала дури и 20 килограми повеќе, изјави таа самата за Магазин ИН.
„Секогаш внимавам да не се вратам на тоа. Мислам дека тоа ми прилега на годините“ изјави Анастасија во своето интервју и подвлече дека периодот за кој зборува е кога била во тинејџерските години, односно кога имала само 15 и кога не водела сметка за својот изглед.
По оваа изјава многумина и порачаа на ќерката на Цеца дека е премногу критична кон себе, а кога ќе ги видите фотографиите од периодот за кој зборува ќе видите дека и тогаш изгледала многу подобро отколку што самата себеси се доживувала, што е својствено за многу тинејџери.