Познатата пејачка Јелена Карлеуша повторно ја подигна прашината во медиумите но и на социјалните мрежи
Контроверзната Карлеуша не престанува да ги изненадува обожавателите, а овој пат споредувањата со Ким Кардашијан паднаа во втор план, додека на „менито“ дојде нешто потполно неочекувано и ново.
Имено, Карлеуша овој пат реши да облече провокативен костум кој е инспириран од креацијата што во 80-те ја носеше Мадона. Во прашање е златен костим со мошне провокативен корсет, но и секси металик гаќички во комбинација со мрежести чорапи во црна боја. Оригиналната креација што Мадона ја носеше во рамките на својата турнеја е од Жан Пол Готје.
Инаку, неодамна Карлеуша го привлече вниманието со парчиња од Баленсијага и ја обвини Ким Кардашијан дека го копира нејзиниот стил, но овој пат очигледно е дека ЈК беше инспирирана од провокативниот стил на Мадона.
Погледнете како тие изгледаат и кажете ни во коментарите која изгледа подобро во ова провокативно издание – Мадона или Карлеуша?