Рускито претседател не е популарен само во светот на политиката, туку важи за голем заводник и миленик на жените.
Владимир Путин претседателот на руската федерација вчера го прослави својот 66 роденден, но се уште им е омилен на жените.
Многу дами што се нашле во негова близина останале шармирани од рускиот Казанова, но само една од нив успеала да го освои неговото срце. Имено во прашање е светската шампионка во гимнастика, Русинката Алина Кабајева, за која се шпекулира дека рускито претседател веќе десет години е во врска со неа и дека неговиот брак со Људмила пукнал токму поради убавата 34годишна поранешна гимнастичарка.
Некои извори тврдат дека Кабајева станала и официјална сопруга на рускито лидер и дека дури имаат и дете.
Сепак, ова не се непотврдени информации, но дека убавата Русинка е присутна во животот на Путин, тешко може да се демантира