Многумина се прашуваат зошто служат оние две дупки на старките, па погледнете го видеото во кое ќе ви ја откријат тајната.
Старките се култен феномен од 20 век и преставуваат еден од ретките модели кои речиси непроменето ги совлада сите предизвици кои беа пред нив. И да не сте ги носеле досега, сигурно милион пати сте ги забележале на улица, а сега решена е и мистеријата зошто служат дупчињата што овие модели ги имаат од страните. Бидејќи првичната намена на овие патики беа за кошаркарските терени, многумина мислеа дека дупчињата служат како вентилација и тоа до некаде има смисла бидејќи се наменети за спортисти.
Имено, некои мислат дека се направени само заради естетика, додека други ја поддржуваат теоријата дека служат за „вентилација“.
Но нивната вистинска намена е патиките да можат посилно да се стегнат околу стапалата и на тој начин нозете во нив да бидат постабилни, а шансата за повреди и на зглобовите помала.
Треба најпрво да ја извадите врвката од првите две дупки, па да го повлечете едниот дел низ страничните отвори и да ја вратите. Стегнете и ќе забележите дека патиките многу подобро ви лежат на нозете.
Не сме сигурно како би изгледало тоа, но нам омилени ни се длабоките модели и баш би сакале да го пробаме овој трик.
А кој модел ви е омилен на вас?