Откако неодамна заплови во музичките води и почна сам да заработува Стефан Живојиновиќ се отсели од семејниот стан.
Потоа набргу својот стан го замени со сопствен, и тоа со помош од татко му. Тој сега живее во елитниот дел во Нов Белград каде први комшии му се Новак Ѓоковиќ, Саша Ковачевиќ и други познати личности, а неговиот татко Боба без проблем му даде пари за да ја купи оваа недвижнина.
„Повеќе не сум потстанар, сега сум сопственик на стан – изјави младиот Живојиновиќ додавајќи дека се уште често оди на ручек кај своите родители, Брена и Боба Живојиновиќ.
Неговиот татко за магазинот Свет изјави дека Стефан од своите тезги собрал одредена сума на пари, кои сам ги заработил, а тие само му помогнале да го доплати останатиот дел за станот.
Инаку, синот на Брена и порано живеел сам, а во едно интервју на шега изјави дека веќе поодамна девојките не ги носи кај Брена бидејќи не живее таму. Тој оваа година издаде три песни, а работи и на неговиот прв албум.
Тој пред неколку години беше во емотивна врска со бугарската тенисерка Ана Вангелова за која изјави дека му била прва голема љубов. Тој се уште се слуша со неа иако веќе одамна не се заедно, а откако се разделија медиумите го поврзуваа со многу девојки меѓу кои и со пејачката Надица Адемов. Потоа тој ја започна врската со атрактивната Доротеа која и се допадна и на Брена, но и оваа врска не потраја многу па Стефан бргу најде замена и за оваа убавица.
Тој сега ужива во друштво на една Јована која има мошне атрактивен изглед, а дали нивната љубов ќе потрае останува да видиме.