Stars

Пријовиќ без шминка и високи потпетици се појави на венчавката на нејзиниот татко (фото)

Се појави за да го подржи татко и во оваа одлука

Пејачката Александра Пријовиќ присуствуваше на венчавката на својот татко Недељко. Таа заедно со сопругот Филип се појавија на венчавката за да го одржат во таквата одлука, а како и сите трудници и таа не се грижеше премногу за својот изглед, па стајлингот потполно го прилагоди на состојбата во која што се наоѓа.

Само да потсетиме, пејачката деновиве најави дека заминува на боледување, односно дека поради совети од докторите повеќе нема да настапува поради бременоста. Таа и нејзиниот сопруг сега уживаат во благодатите на бременоста и го чекаат денот кога ќе стигне нивната принова.

На прашање на новинарите што неодамна му го поставија на Недељко во врска со бременоста на неговата ќерка, тој изјави дека е пресреќен што наскоро треба да добие внуче, и покрај тоа што се уште е млада.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close