Lifestyle

Добри луѓе сѐ уште постојат: Нашле торба со илјадици евра, па ѝ ја вратиле на сопственичката

Иако понекогаш животот ни се чини суров, исполнет со измамници и луѓе кои само сакаат да нѐ искористат, се чини дека сепак во сето ова постојат и добри и чесни луѓе кои можат да ни ја вратат довербата во човештвото.

Живееме во време кога навистина владее голема економска криза, кога луѓето во трка по пари се спремни да направат сѐ. Но, тоа не е случај со овој млад британски пар кој докажа дека постои добрина во овој свет. Имено, 24-годишниот Едвард Гибсон и 22-годишната Џесика Франк, додека се шетале на улиците на грчкиот град Агиос Николаос на Крит, пронашле ќеса во која имало неверојатни 7.000 евра.

Џесика раскажува: „Се сопнав од нешто додека се шетавме покрај продавница. Воочив дека има многу хартија и тек подоцна сфативме дека се работи за пари. Ниту во еден момент не помислив дека треба да ги задржиме“.

Вреќата со износ од 7.000 евра ја пријавиле во полицијата на која и требало 20 минути да ја изброи точната сума на пари која се наоѓала во неа. Набрзо го откриле и сопственикот, односно сопственичката, 60 годишната жена која работела во продавницата.

Полицијата ги запознала Британците со сопственичката која ги дочекала во солзи, благодарна на нивниот племенит чин. Се претпоставува дека госпоѓата ќесата ја изгубила на пат до банка, а младиот пар порачува дека ги прави среќни што направиле нешто толку големо за некого.

Оваа вистинска приказна докажува дека на човештвото му се потребни луѓе со големо срце. Туѓото никогаш нема да нѐ направи вистински среќни, а со само една постапка можеме да направиме другите да се радуваат и да бидат благодарни целиот свој живот.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close