Тие живеат на различни краеви во Америка, но решиле да се породат во ист ден и во иста болница. Запознајте ги овие еднојајчани близначки кои во исто време останале бремени и на свет ги донеле своите синови…
Сонот на двете близначки, Џалин Ејприл Крафорд и Жанел Ан Леополдо, станал реалност пред нешто повеќе од девет месеци, кога тие дознале дека се бремени и дека и двете ќе родат момчиња. „ОСтанав во шок кога ја добив пораката“, се присетува 30-годишната Џалин, во моментот кога сестра ѝ ѝ рекла дека е бремена.
Имено, Џалин пред само четири дена дознала дека е бремена, па веднаш ѝ се јавила на сестра си, па и двете заплачеле.
„Тоа беше божји одговор на нашите молитви“, рекла таа. Жанел има полицистични јајници поради кои имала проблеми со плодноста. Од друга страна, Џанел имала два спонатани абортуси. Додека близначките се обидувале да останат бремени, минатата година им умрела сестрата. Во средина на борба и трагедија, на крајот тие сепак успеале. Живеат на различни краеви, па одлучиле да бидат заедно во текот на бременоста, со цел нивните родители да можат да бидат присутни на породувањето на двете ќерки. Имено, тие одлучиле да испитаат дали постои можност и двете да родат во ист ден.
„Го прашав лекарот и рече дека може, затоа што бебињата се еднаква гестациска недела и терминот за породување е со разлика од само една недела“, открива Џалин. Нејзината сестра ги спакувала куферите и со семејството дошла во Аризона, шест недели пред терминот.
„Стигнавме до 39-та недела и денот кога е закажан нашиот термин“, објаснува Џалин. Таа родила наутро, а нејзината сестра неколку часови подоцна.