Калиопи е една од нашите најдобри пејачки која зад себе остава големи успеси. Таа има бројни хитови кои ги пееме и до ден денес, а освен во нашата земја, Калиопи е позната и во регионот, каде што прави концерти кои се вредни за паметење. Не можеме да се сомневаме во нејзиниот талент, а за тоа докажува и бројната публика која присуствува на секој настан каде што е таа. Таа и Ромео сега се повторно двојка, како музички тим за снимањето на новиот материјал на поп-пејачката. Тие работат заедно во Белград и очигледно е дека Калиопи секогаш го гледа Ромео како своја поддршка.
„ Ромео знае што прави. Во нашата музика, во светот во кој живееме ги има најубавите нешта“, напиша Калиопи и додаде дека не може да дочека публиката да ѝ ги слушне новите песни.
Ромео се јавува како автор на повеќе песни на Калиопи, а како тандем повторно се соединија пред 6 години, кога Ромео беше дел од авторскиот тим на еврозискиот хит „Црно и бело“. Неколку пати досега Калиопи истакна дека со Ромео одлично се согласува и дека тој знае да и ги направи најдобрите песни.
„Со Ромео би чекорела со врзани очи. До толку му верувам“, изјави Калиопи во претходно интревју на Евровизија во Шведска.
Очигледно Калиопи ни подготвува нешто многу вредно, па останува да видиме. Покрај сите промени, позната пејачка направи промена и во својот изглед, така што неодамна ја скрати косата и со тоа се пофали на социјалните мрежи. До сега промените ѝ годеа, а истото го очекуваме и во иднина!