News

Со полна сила по породувањето: После 6 месеци отсуство, Кејт Мидлтон воодушевува во веќе видена комбинација

По породилното отсуство, Кејт Мидлтон се појави на првата кралска должност. Војвотката е во посета на училиштето Sajers Kroft каде што имаат активности со децата како што е шетање во шума и други поврзани активности со природата.

Од кога е на пауза од должности по раѓањето на синот, принцот Луис, Кејт два пати се појави во јавноста, и тоа на роденденот на Кралицата и на венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.

Војвотката не е тип личност која за одреден јавен настап еднаш облекува одредена облека, туку повеќе пати носи една иста, а и овој пат не беше исклучок од тоа. Омилените чизми од марката Penelopa Civersand ги носеше порано веќе неколку пати, како и тесните фармерки.

Принцот Вилијам и Катерина Мидлтон се вериле во октомври 2011 година во Кенија, Источна Африка, за време на десетдневно патување во засолништето за диви животни Лева за да го прослават завршувањто на военот курс за спасување на Вилијам . Кларенс Хаус ја објави свршувачката на 16 ноември 2010 година. Двојката се венча на 29 април 2011 година во Вестминистерската опатија,(денот на Св. Катерина) а тој ден беше прогласен за неработен ден во Обединетото Кралство. Свадбата ја гледаа повеќе од два милијарди луѓе.

Дека кралскиот пар очекува трето дете, јавноста дозна во октомври минатата година. Првата бременот беше објавена кога Кејт беше само неколку недели во бременост, откако беше примена во болница во декември 2012 година. Малиот принц Џорџ е роден на 22 јули 2013 во болницата Сент Мери во центарот на Лондон. Втората бременост беше објавена во септември 2014 кога војвотката по неколку мачнини беше третирана во палатата. Принцезата Шарлот е родена на 2 мај 2015.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close