Ова е нешто што Ким знае да го прави и е многу добра во тоа.
Популарната старлета Ким Кардашијан не престанува да ја изненадува јавноста и своите фанови на социјалните мрежи. На сите нејзини провокативни фустани се навикнавме одамна. Длабоко деколте, кратки фустани, кратки панталони… сепак, секогаш успева да најде начин да нѐ изненади што е можно повеќе. Покрај сето тоа, овој пат во прашање е нејзина објава на Инстаграм која за само 20 минути привлече внимание на 300 илјади луѓе. Имено, оваа ријалити ѕвезда го овековечи моментот како лежи во кревет, а на себе има само „градник“ доволен за да ѝ ги прикрие само брадавиците.
Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, го живее животот со полна пареа, но малкумина успеаја да заборават како всушност таа се прослави.
Ким во една радио емисија открила дека нејзината ќерка Норт во една прилика ја прашала: “Мамо, зошто си ти позната?”, а нејзиниот одговор стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
“Си реков: “Аха, океј, ќе морам да го објаснам ова. Ѝ кажав: “Имаме ТВ шоу”, а таа на тоа ми рече: “Аха, океј” и тоа беше прв пат таа да каже нешто такво”, раскажала Ким.
Меѓутоа, се би било во ред доколку корисниците на социјалните мрежи не започнаа да се потсмеваат на овој одговор бидејќи повеќе од јасно е како Ким ја започна својата кариера, за која главниот “виновник” е домашната порно снимка.
Пред развојот на нејзината кариера во тв реалните серии, Кардашијан се здоби со лоша слава поради секс видеото поради што подоцна судот ја награди со 5 милиони долари. Таа е вклучена во производството на неколку линии на облека и парфеми. Во 2010та година, таа беше ѕвезда со највисока заработка, со приближна заработка од 6 милиони долари.