News

Херој по кој плаче целиот свет – сите колеги избегаа поради разорниот земјотрес и цунамито, тој остана да ги спасува другите

Повеќе од 832 луѓе страдаше по земјотресот и цунамито кое следуваше по него во петокот вечерта.

Младиот контролор за летање, кој остана на своето работно место како би ги наведувал авионот безбедни да полета, за време на разорниот земјотрес, прогласен е за херој во својата татковина.

Антонијус Гунаван Агунг во петокот вечерта беше на работа на опустошениот аеродром Мутиара СИС Ал-Џафри, но наместо да избега и да е сокрие на некое безбедно место како и сите останати негови колеги, тој остана на своето работно место за да им обезбеди сигурно полетувањето на стотина патници кои во тој момент беа во авион кој полетуваше.

Тој со овој несебичен чин им ги сочува животите на патниците и персоналот на летот 6321 од страшниот земјотрес кој се случи во моментот на полетување, кога несреќата го погоди целиот остров.

Локалните медиуми потврдуваат дека тресењето оставило длабоки пукнатини на пистите и на контролната кула.

И додека останатите колеги избегала, Антонијус останал во кулата да го наведува авионот се додека не го наведе пилотот безбедно во воздухот.

Кога авионот беше над пистата, зградата почна ужасно да се тресе и од страв дека ќе остане заробен под урнатините, младиот контролор одлучил да скокне од четвртиот кат.

Храбриот Антонијус го однеле во болница со скршена нога и внатрешно крвавење, но поради крвавењето го загуби животот.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close