Lifestyle

Искрена исповед од една мајка во врска со љубомората: Таа постојано ме потсетуваше дека не сум добра мајка

Кели Грин, мајка на едно дете, одлучи да го сподели своето искуство во врска со тоа како успеала да се избори со љубомората која ја чувствувала кон пријателката поради нејзиното совршено доење кое Кели морала да го прекине.

Никогаш не сум имала проблем со тоа да признаам ако почувствувам љубомора. Љубомората понекогаш може да ни биде пријател. Не добар пријател на кој секогаш можеме да сметаме ако нешто ни затреба, туку пријател од кој можеме нешто да научиме. Оној кој ќе ни покаже каде запираме и на работите на кои сме најмногу чувствителни. Љубомората ни ги отвора очите, сѐ додека ние ѝ го дозволиме тоа. Јас љубомора почувствувам кон мојата пријателка која доењето, како и целокупната бременост и породување, за разлика од мене, го помина совршено. Не бев сигурна дали сакам да го дојам бебето.

Ми се допаѓаше идејата за тој магичен момент како моето тело самото прави храна со која ќе го хранам своето бебе, но не бев сигурна дали сакам моето бебе да се поврзе со мене по пат на доење. Ги замислував прасињата како цицаат, сето тоа беше слатко, но себеси не се гледав во тој стил.

А тогаш на свет дојде тој. Одеднаш сакав да бидам сѐ што му треба. Сакав да го дојам затоа што можев и тоа ми се чинеше како добра идеја. Сакав да се покажам како добра мајка. Откако почнав да се молзам почав да се споредувам со другите мајки и да се натпреварувам со тоа колку млеко имаат тие. Почав да се грижам околу тоа дали произведувам доволно млеко. Себеси се гледав како расипана машина која не работи како што треба и која не може да направи доволно за она за што е создадена. Еден ден се откажав. Набрзо потоа мојата добра другарка остана бремена. Сакаше да се видиме а јас замислував дека ѝ требам поради некој совет за бременоста, продувањето и доењето. Замислував дека поминува низ слични проблеми низ кои поминував и јас дека ѝ треба утеха како и на мене.

Но, таа немаше проблеми во бременоста, а потоа ни при породувањето, ниту при доењето. Да постои некоја награда за доење, таа сигурно би ја добила. Едноставно го зеде својот син во рацете и почна да го дои. Со задоволство објавуваше фотографии на социјалните мрежи, а јас почувствував две работи: Неверојатна болна љубомора и неверојатен срам. Бев среќна поради неа и поради нејзиното здраво бебе, но и покрај тоа бев исполнета со љубомора. Таа ме потсетуваше дека не сум доволно добра мајка. Дека не сум природно способна за бебе. Сега сфаќам дека треба да простам Треба да му простам на своето тело.

Можеби не бев подготена за тоа. Можеби сѐ уште се обидував да се грижам за себе. Мојата пријателка беше одлична, но јас можеби ќе бидам добра во некои други работи кои допрва доаѓаат.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close