Денес нашите граѓани се изјаснуваа за членство во ЕУ и НАТО но со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција за промена на името. Избирачките места на кои се спроведуваше референдумот беа отворени до 19 часот, а според првичните информации излезеноста половина час пред затворањето на гласачките кутии беше некаде околу 35 отсто.
Како што пренесуваат дел од медиумите и во соседството, со овие бројки референдумот е неуспешен, а голем број Македонци во знак на бојкот веќе го прогласија денешнито ден Ден на ајварот.
Премиерот Заев на прес конференцијата одржана по референдумот најави дека волјата на граѓаните што гласале е неприкосновена и мора да се почитува. Тој изјави дека гласот на граѓаните на овој консултутивен референдум треба да се претвори во политичка одлука во Законодавниот дом. „Ако навистина како што очекуваме сите имаме огромно мнозинство „За“, тогаш јасна е иднината. Очекувам пратениците на ВМРО да го почитуваат гласот на граѓаните, ако не ќе мора да употребиме друга демократска алатка – предвремени парламентарни избори веднаш“ – истакна Заев.