Медиумите тогаш пишуваа дека при отворање на Светиот гроб се случуивале чудни феномени на небото, но и дека се слушнале звуци од труба.
Кога го отворив гробот на Исус Христос, инструментите прекинаа да работата, изјави Антонија Марополо, хемиски инженер на Националниот технички универзитет во Атина, која била водачот на експертскиот тим кој пред две години направи уникатен потфат отворајќи го гробот на Исус Христос во Ерусалим, односно на местото на неговото воскресение.
Медиумите тогаш пишуваа дека за време на отворањето на Светиот гроб се случил чуден феномен на небото, дека се слушнале звуци на труба. Марополо тоа не го видела, но забележала нешто друго.
Јас тоа не го видов, затоа што во моментот на отворањето на Светиот гроб бев внатре со другите. Немаше никаков феномен, но кога излегов надвор, од како почнавме да го истражуваме гробот, инструментите кои претходни ги поставивме на плочата на гробот за да бележат секој момент, вибрации и слично, едноставно се исклучија. Тоа беше факт. Не можам тоа да го објаснам, но се снимив. Со сигурност можам да кажам дека околу тоа место постои некаква енергија, која е многу, многу силна.
Постојат различни мислења дали баш на тоа место била пештерата во која Јосиф го погребал Исус. Има ли сомнеж во тоа, беше следното новинарско прашање за Марополо.
Тоа во што сум сигурна е дека плочата која ја откривме е токму онаа од периодот на царот Константин и царица Јелена. Тоа значи дека сум убедена дека ова е токму тоа место, кое тие го откриле како Свет гроб и каде направиле црква- вели Марополо.
Извор: Telegraf.rs