Сигурно и вам многу пати има ви се случено да барате нешто изгубено, но никако да не можете да го пронајдете. Тоа е дел од нашето секојдневие, а понекогаш знае многу да не изнервира. Но, затоа се тука постарите кои нѐ учат на многу животни мудрости, а една од најпренесуваните од колено на колено е токму оваа мудрост која ќе ви помогне да ги пронајдете изгубените работи.
Имено, според народните верувања, кои потекнуваат уште од многу одамна, а за кои многумина велат дека се корисни и дека помагаат, кога ќе изгубите нешто треба да изговорите три магични зборови.
„Под левото колено“ – се трите магични зборови кои наводно прават чудо за вас.
За нивната корисност пишува и една корисничка на социјалните мрежи, која го испробала овој трик и вели дека навистина делува.
„Го испробав ова повеќе пати на себе. Кога го изгубивме кучето го рековме ова ‘Под левото колено’ и кучето го најдовме 30 минути подоцна, а претходно не можевме да го најдеме 5 дена. Исто важеше и кога ги изгубив клучевите, кога го загубив паричникот (не ги најдов парите, но сеедно, немав многу, но барем ги најдов сите документи. Исто така на сите што им го реков ова, ги најдеа работите што им беа изгубени. Така, ако изгубите нешто, ништо не ве чини да го изговорите ова. Можеби ќе имате среќа“, напишала девојката.
Па, навистина, ништо не ве чини да се обидете. Тие се само неколку зборови кои може да ве направат многу среќни. Ако испробате и успеете, не заборавајте овој трик да го споделите со вашите најблиски!
Што се однесува до нас, пробевме, ги изговоривме зборовите, но еве се уште не можеме да го најдеме кабелчето од мобилниот телефон што го изгубивме некаде во канцеларија. Но доколку вие доживеете поинакво искуство, ве молиме напишете ни во коментарите…