Stars

Среќно семејство кое се радува на новороденчето: Сара Мејс конечно ни покажа како изгледа ќеркичката

Македонската поп-пејачка Сара Костадиновска, позната по прекарот Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, го добија своето прво дете – ќеркичката Илина. Додека беше бремена Сара не сакаше многу отворено да зборува во јавноста за нејзината состојба, но сепак беше активна на некои настани кои се случуваа во нашата земја.

Непосредно пред породувањето, таа заедно со нејзиниот сопруг направи интересна фотосесија која ги овековечи најсреќните мигови од нивниот живот.

Сара се породи во болницата Санте Плус и уште тогаш објави фотографија, но каде што е прикриена нивната ќеркичка. Сега конечно ни откри како изгледа малата убавица, а за тоа треба да им заблагодариме на социјалните мрежи.

Популарната пејачка и харфистка ужива во најубавиот период од животот. Таа претходно во интервју за „Женски Магазин“ откри дека по нејзина и на желба на сопругот, водителот Димитар Атанасовски, ќерката се вика Илина. „Овие 9 месеци ми поминаа како девет секунди. Сара е толку луда што се качува на планини и игра оро на свадба само неколку денови пред да се породи“, изјави и среќниот татко, водителот Димитар по породувањето.

Сара и Димитар прекрасно се сложуваат, а пејачката во еден наврат за него рече: „Димитар е „најдобар“ во повеќе категории. Мојата најголема инспирација, љубов и поддршка. Способен и разбран. Умен и убав. Вљубеник во природата и животните. Интересен и забавен. Независно како и да го поминуваме времето заедно, дали е тоа прошетка со куче, планинарење, возење со мотор, патување, гледање филм или табла на тераса, многу е лесно и прекрасно кога си вљубен во оној кој најмногу те смее“

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close