News

Познат актер призна дека нема поим која е Ким Кардашијан – цело студио му аплаудираше

„Не знам кои се Кардашијан, а и зошто би требало да знам“ – изјави славниот актер пред камерите.

Иако семејството Кардашијан е едно од најпознатите, но и најбогатите во светот, актерот Хавиер Бардем признам дека нема поим кои се и дека никогаш не слушнал ни за Ким, ни за Кајли или остатокот од екипата.

Публиката беше воодушевена од одговорот на овој актер, па во студиото следуваше громогласен аплауз.

Да се потсетиме, Хавиер Бардем од 2010 година е во брак со убавата колешка Пенелопе Круз, со која има две деца.

Шпанската актерка прв пат работела со Бардем уште во 1992 година во филмот „Jamon Jamon“, а после тоа заедно се појавија уште во неколку филмови, меѓу кои и во наградуваната драма на Вуди Ален од 2008, „Вики, Кристина, Барселона“. Според пишувањата во познатиот портал „The Hollywood Reporter“, Пенелопе има големи шанси да ја добие улогата во „The Councelor“, покрај веќе потврдените Бардем, Мајкл Фасбендер и Бред Пит.

Свадбената церемонија на оваа славна двојка била скромна и тука присуствувале само членовите на нивните семејства. Невестата била облечена во фустан на модниот дизајнер и нејзин дамнешен пријател Џон Галијано.

Инаку Круз за романтичната комедија на Вуди Ален „Вики, Кристина, Барселона“ во која играа заедно во 2008 година доби Оскар за споредна женска улога, а Бардем е добитник на Оскар за споредба машка улога во филмот „Нема место за старите кучиња“.

Во младите години Хавиер настапувал во разни телевизиски шоуа, но сè уште не покажувал интерес за актерска кариера. Во 1986 година, Бардем настапил во серијата на Педро Масо во 12 дела, Segunda Enseñanza, тој кратко патувал со глумечката екипа на независниот театар, појавувајќи се во El Medico a Palos и El Sombrero de Tres Picos, а во 1989 година настапил во Brigada Central, повторно за легендарниот шпански режисер и текстописец, Педро Масо.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close