Македонецот Ананија Ананиевски е младо момче роденo во Мелбурн и е еден од најуспешните Македонци во Австралија.
Тој има завршено не два, туку 3 факултети во Австралија – Меѓународни односи на La Trobe University и Теологија на Holy Trinity Orthodox Seminary, како и факултет по медицина. Тој има успешна кариера во парламентот на Викторија, потоа во Австралискиот парламент во Канбера, па во владата на Австралија во министерството за надворешни работи и трговија.
Тој сега е посебен по тоа што слободно може да се закити со епитетот најуспешен млад Македонец во Австралија и тоа поради сето горе наведено, но и најновата позиција која што Ананија ја добива, а тоа е Втор секретар на Постојаната мисија на Австралија во Обединетите нации во Њујорк, за секторот за јавно здравство, меѓународен развој и епидемиологијата.