Вагите се сметаат за големи хуманисти. Обожаваат да им помагаат на луѓето, сакаат мир и многу се грижат за своите пријатели и семејствто. Не сакаат расправии, и ќе направат сѐ што е можно да ги избегнат. Вагите се многу драги, се грижат за луѓето и ќе направат сѐ за да се осигураат дека се среќни.
Вагите имаат многу дарежлива природа и уживаат да видат насмевка на други лица. Ако можат да помогнат, тие тоа ќе го направ без размислување. Одат преку сè и сешто за својот партнер и секогаш го ставаат на прво место. Имаат големо срце и задоволството го изнаоѓаат така што ве прават среќни, се грижат за вас и ве сакаат. Тие слушаат сè што ќе кажете и обрнуваат внимание на работи во кои навистина уживате. Ќе ви отпеат песна, ќе ви напишат песна, ќе прошетаат со вас на плажа навечер, ќе ги сослуша вашите надежи и соништа, и никогаш нема да се уморат правејќи ве среќни.
Вагите само сакаат партнер кој ќе ги поддржува и ќе ги сака. Не ја кријат својата љубов, туку само сакаат безусловно и длабоко. Друга позитивна карактеристика на Вагите е што сакаат да ги чујат двете страни на приказната и не скокаат до заклучоците пребргу. Веруваат во правдината и мирот, а кавгите ги избегнуваат колку што е тоа можно. Ќе зборуваат во мир, и ако почнете да се развикувате или лутите ќе заминат додека не се смирите. Ако сакате партнер кој никогаш нема да ви повиши тон и кој секогаш ќе одвои време да ве сослуша, тогаш сигурно ќе ви годи да имате една Вага за момче или девојка.