Тијана Дапчевиќ во последно време често ја гледаме и на малите екрани како актерка во серијата Преспав, но и во улога на водителка. Летото и годишните одмори завршија, а таа со доаѓањето на новта есенска сезона започна поинтензивно и со своите нови обврски и ангажмани.
Неодамна познатата пејачка снимаше спот за песната „Километри“ од Влатко Лозановски која таа ја препеа на српски јазик, а периодов ќе биде во Македонија поради снимањата на третата сезона на „Преспав“. Во емисијата „Екслузив“ таа зборуваше за своите нови активности, а притоа имаше задача да имитира јавни личности и нејзини колеги и колешки, а меѓу нив Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, меѓутоа и модниот критачар Сергеј Варошлија.
Се прашувате како се снајде Тијана во улога на нејзините пријатели и соработници? Погледнете во видеото кое следува, на 6:35 секунди.