Крстовден е празник на пост и покајание.
Воздвижение на чесниот и Живототворен Крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Наоѓањето на чесниот крст врз кој бил распнат Исус и се припишува на царицата св. Елена мајката на славниот цар св. Константин Велики, основоположникот на Константинопол и првиот император што ја признал христијанската вера.
Македонските православни верници на овој ден го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден. Според обичаите овој ден се пости сртого, а се оди во црква по света вода, се палат свеќи за здравје и се кажуваат молтиви. Во записите на Христо Шалдев за Гуменџе се вели дека тука гроздоберот секогаш станувал околу Крстовден.
Во Дебарца Крстовден се смета за тежок празник и се држи како строг пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло, а некои верници на овој ден јадат само леб и вода. Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје и др. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.Во некои земји, како на поример во Етиопија, разникот Воздвижение на Чесниот Крст (наречен Мескел) е најголемиот празник после Пасха и Рождество Христово.
Молитвата што се кажуваат на овој празник треба да го отсети секој верник на тоа дека безначајните проблеми го влечат кон дното, наместод а им се радува на вистинските радости пто ги има олку многу на овој свет и ан кои треба да му се заблагодариме на Бога. На овој ден верниците треба да се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него.
За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек. На Вечерната се читаат три читања од Стариот Завет. Првото старозаветно читање на празникот зборува за дрвото, кое ги претвора горчливите води во слатки, и е символ на Крстното Дрво (Изл. 15, 22; 16,1). Второто читање продолжува дека Господ ги казнува и исправува тие што ги љуби, и дека Божествената Премудрост е Дрво на животот за оние што ја стекнуваат Премудроста, и дека блажени се тие што ја чуваат (При. 3, 11-18). Овие зборови, исто така, укажуваат на Крстот, кој, како што гласи апостолското читање на овој ден, за повиканите е Божја Сила и Божја Премудрост (I Кор. 1,18-25). Третото старозаветно читање е извадок од пророштвото на Исаија, и говори за градот Божји, во кој неевреи ќе припаднат при нозете Божји и ќе дознаат, дека: „Тој е Господ Спасителот и Откупителот, Силниот на Јаков“ (Ис. 60, 11-16).
На Утрената, четирите страни на светот се благословуваат со Крстот, додека верните повторуваат „Господи помилуј!“ Утреното Евангелско читање е од Евангелието по светиот апостол Јован (Јован 12:28,36). Во него, Христос им вели на луѓето дека кога Тој ќе биде издигнат, сите ќе ги привлече кон Себе.“
Тропар
глас 1
Спаси ги, Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство. Дарувај им победа над непријателите на сите наши православни христијани и со Крстот Свој заштити го Твоето жителство.
Кондак
глас 4
Возвишувајќи се на крстот доброволно, на истоимениот Твој нов народ/ дарувај му ги твоите милосрдија, Христе Боже, возвесели нè со Твојата сила, победа давајќи ни над противниците,/ како помош имајќи го Твоето оружје на мирот, // непобедливата победа.
Егзапостилар
(песна со која се слави Чесниот Крст)
Крстот е чувар на сета Вселена. Крстот е украс на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е зацврстување на верните, Крстот е слава на ангелите, Крстот е рана за демоните.
Задостојник
глас 8
Величај го, душо моја,// Пречесниот Крст Господов. Таен си, Богородице, рај,/ кој необработено го израсна Христа,/ Со него крстното живоносно Дрво на земјата беше насадено./ Нему, сега вознесуван,// поклонувајќи Му се, Тебе те величаме.
Штом ќе станете погледнете низ прозорот
Крстовден е голем христијански празник што го слави македонската православна црква и нејзините верници, а го претставува денот кога е пронајден и ископан чесниот крст на Голгота и денот кога од Персија е вратен во Ерусалим
Едно од најважните верувања поврзани со овој празник е поврзано со претскажувањата и времето. Па така порано народот верувал дека ако за Крстовден биде облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде сушна.
Ако до Крстовден не заминат ластовичките, нема да има јака зима.
Тивок дожд за Крстовден значи блага зима.
Грмотевици на овој ден претскажуваат плодна година.
По топол и сув септември, следува многу дожд во октомври.
Каков септември, таков и март.
Ако на Крстовден биде облачно, зимата ќе има многу снег. Ако за Крстовден е ведро пак, ќе биде сувомразица.
И додека за другите празници кои се одбележани со црвени букви важи дека не треба да се средува куќата, да се чисти со правосмукалка и да се прават слични работи, на Крстовден не е така. На денеше ден според верувањата добро е да се потсуреди куќата и домот, и така, да се подготвите за зима.
Исто така постојат обичаи кај православните народи на Балканот и дека на овој ден се бере и посветува босилек.