Пернар за разлика од Меркел е за бојкот
Хрватскиот пратеник Иван Пернар во своето гостување во емисијата ,,Без Цензура” која се емитува на официјалната Фејсбук страна на Инфомакс истакна дека високи 70 проценти од граѓаните на Хрватска не сметаат дека по влезот на држвата во ЕУ се живее подобро. Тој вели дека во Хрватска има најголем број на европскептици од целата Европска Унија, а причината за тоа според него треба да се бараат во преголемите очекувања. Тој ја спомена корупцијата како нешто што хрватскиот народ очекувал да се разреши по влезот на државата во Европската Унија, но сега таа според Индексот за перцепција на корупција е многу поголема отколку пред влезот на Хрватска во Европската Унија. Младиот Пернар напоменува дека состојбата во правосудството сега наместо да е подобра од пред влезот на Хрватска во ЕУ, таа е само влошена.
Пернар кој е пратеник од партијата Жив Ѕид која од ден на ден има се поголема поддршка о Хрватска повика на бојкот на претстојниот референдум за промена на името. Според Пернар, полесно е да се сруши референдумот доколку се бојкотира отколку да се излезе и да се гласа против.