Момчето на Ева Заева напиша интересна порака на Инстаграм
Ева Заева и Душко Чифлиганец веќе некое време не кријат дека се во љубовна врска. Тие на социјалните мрежи често објавуваат заеднички фотографии, а Душко покрај фотографиите не ретко во коментарите знае да покаже и колку ја цени неговата љубов. Тој неодамна на еден негов пост на кој објави две фотографии на кои на едната е во прегратки, а на другата ја држи во воздух својата сакана, напиша коментар од Одри Хепберн.
Еве што напиша тој под оваа фотографија:
„Верувам во розово. Верувам дека со смеење најдобро се трошат калориите. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека треба да бидеме силни кога се’ ќе тргне наопаку. Верувам дека среќните девојки се најубавите девојки. Верувам дека утре е нов ден и верувам во чуда.“
„Секоја љубовна приказна е прекрасна, но нашата ми и омилена“, му одговори Ева под неговата порака на Инстаграм.