Не станувате од кревет на време, никогаш не ја средувате вашата работна маса и можеби премногу пцуете?
Но секој од нас има по некоја лоша особина, нели? Сепак, не е сé така црно. Погледнете во каква врска се вашите навики и особини со интелигенцијата. Ќе бидете изненадени. Некои работи ги прават исклучиво паметните луѓе и можеби и вие сте еден од нив. Или можеби не сте, но дали е тоа важно?
Мнооогу пцуете
Според студиите луѓето што можат да се сетат на повеќе пцовки за одредено време постигнуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција од останатите учесници. Истражувачите заклучиле дека покажувањето на поголем број пцовки укажува на поголем фонд на зборови, а не на користење погрдни зборови поради недостаток на софистициран начин на изразување.
Одите доцна на спиење
Кој рано рани, две среќи граби? Најверојатно не. Студијата спроведена на младите луѓе докажува дека оние кои одат подоцна на спиење имаат поголем IQ. Тие исто така и подоцна стануваат од креветот
Мрзливи сте
Добра вест за сите оние што не сакаат многу да работат – истражувачите од универзитетот на Флорида открија дека интелигентните луѓе доста време трошат на разгледување на работите и затоа помалку работат
Смиреност
Секако, паметните луѓе покажуваат емоции, но кога тоа ќе се случи, помали се шансите да заврши со караница.
Несреденост
Нередот има позитивен ефект на нашата креативност.
Тоа е причината зошто креативните луѓе се несредени и зошто нивната работна маса изгледа како на нив да паднала бомба.
Покрај овие пет работи, еве уште пет други по кои натпросечно интелигентните луѓе се разликуваат од останатите.
Како прво тие не се сметаат себеси за подобри од другите. Потоа тие ги признаваат своите грешки, можат да ги видат работите од перспектива на некој друг, односно имаат емпатија и не се обидуваат очајнички да ја убедат другата страна да го прифатат нивното мислење, бидејќи ги земаат предвид и нивните ставови.
Покрај овие три особини паметните луѓе исто така не ги трпат будалите и што е најважно од сé – наутро често го одлагаат алармот.
Имено креативните и интелигентните луѓе често знаат да го занемарат будилникот наутро, односно да го одложат и генерално го сметаат тоа за нешто што не им е баш толку важно.
Па, дали се пронајдовте во овие редови?